18 август, 2017

Радио

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 400 гр спанаќ
  • 200 гр шампињони
  • 100 гр праз
  • масло
  • сол
  • 100 гр тофу сирење или посен кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го, па на малку масло издинстајте ги празот, сечканите шампињони и спанаќот. Сè посолете и динстајте додека состојките малку не омекнат.
  2. На дно на намастен плех ставете две кори, малку згужвајте ги и пропрскајте ги со масло, потоа редете од филот од спанаќ, па кори (згужвани), потоа изрендајте тофу, па повторно ставете кори, фил од спанаќ, кори, сирење и така повторувајте додека не ги потрошите корите и филот.
  3. На последната кора изрендајте тофу сирење, намастете и печете на 200 степени додека питата не порумени.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Посно јадење со спанаќ!
Горе