Профитероли со сладолед

22 август, 20170
2

Потребни состојки:

340 г брашно

250 г путер

550 мл вода

12 средни јајца (за тестото)

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка шеќер

1 јајце (жолчка за премачкување)

чоколаден прелив

ванила сладолед

Начин на подготовка:

Во сад за готвење ставете го путерот заедно со шеќерот, солта и водата. Оставете го да зоврие. Тргнете го садот од оган и ставете го брашното. Повторно вратете го на оган и постојано мешајте додека тестото не почне да се одлепува од краевите.Меко тесто со јајца

Тргнете го од оган. Додавајте едно по едно јаце со постојано мешање. Тестото треба да стане меко и компактно.

Загрејте ја рерната на 220 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Со готварски шприц направете кружни формички. Пред печење премачкајте ги со жолчка.Уште топено чоколадо!

На 220 степени печете 15 минути. Потоа на температура од 180 степени печете уште 10 минути се додека не добијат златно-кафена боја. Пресечете ги на половина, во средина ставете топка сладолед од ванила. Прелијте со чоколаден прелив. Бон апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi