Ролат со кокос
6 јули, 20170
Потребни состојки:
- 200гр мелени посни бисквити
- капка до две арома од портокал
- 200гр кокос
- 200гр шеќер
За глазура:
- 6 лажици шеќер во прав
- капка до две арома од портокал
Начин на подготовка:
Сварете го шеќерот со половина чаша вода, тргнете го од оган, поделете на два дела, па едната половина помешајте ја со бисквит и арома од портокал, а другата со кокос. Растегнете ја кората од бисквит, ставете во средината смеса направена од кокос и замотајте го колачот како ролат. Глазурата изматете ја од шеќер во прав и неколку капки вода, ароматизирајте и ако е потребно додадете малку боја. Прелијте го колачот со глазура и оставете да се стегне.