РУЧЕК ЗА ПОЛОВИНА ЧАС! Брзи и вкусни макарони!

23 јануари, 20170
10

Ова јадење ќе биде готово за само 30 минути, а сигурно ќе бидете задоволни од неговиот вкус…

Состоји:

  • 1/2 мелено месо
  • половина шолја мелен домат
  • 1 шолја макарони
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица брашно
  • 2/4 шолја млеко
  • 1 шолја рендан кашкавал
  • сол, бибе, зачин
  • 2 шолји вода

Начин на подготовка:

Испржете го меленото месо и зачинете го по желба. Додајте домат, вода и макарони. Загрејте додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете да се крчка 15 минути.

Во друг сад растопете путер, па додајте брашно и на тивок оган мешајте околу 5 минути. Додајте млеко, и непрекинато мешајќи, почекајте да зоврие. Гответе додека не стане густо и додека не се изгубат грутките. Тргнете го од оган, и ставете внатре рендан кашкавал.

Добро измешајте, додека целиот кашкавал не се растопи. Мешавината со кашкавал ставете ја преку веќе подготвените макарони со месо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *