Солен ролат од палачинки

13 јануари, 2017
14

Потребни состојки:

  • 200гр Моркови
  • Сол
  • 200гр – Спанаќ
  • Зачин од сув зеленчук
  • 1 кес. Желатин
  • 600гр Крем сирење
  • 200гр – рендан кашкавал
  • Бибер
  • 12-палачинки
  • 200гр шунка

Начин на подготовка:

  1. Се вари морковот и се пасира(не многу ситно). Се бланчира, се сецка спанаќот(исто не ситно).
  2. Се припрема желатин ( по упатство од кесичката) и се замешува сирењето. Се додава ренданиот кашкавал, а потоа спанаќот и морковот.
  3. Се става шунката на палачинката, потоа се става филот.
  4. Се сечат палачинките накосо и се сервираат украсени со свежи ротквици, исечени на кругчиња.