Турли тава со пилешко месо

12 јули, 20170
11

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо
  • 1 кромид
  • печурки
  • морков
  • компир
  • пиперка
  • тиквица
  • модар домат
  • домат
  • црвен пипер
  • масло за готвење

Начин на готвење

  1. Во тавче се пропржува сецканото на коцки пилешко месо (по желба може и свинско или телешко).
  2. Во подлабок сад со масло за готвење се пржи кромидот, па се додаваат печурките, морков сецкан на коцки, компир, па пиперка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен домат. Се зачинува со сол, бибер и буковец по желба.
  3. Потоа се додава и месото во длабокиот сад и се промешува.
  4. Во тавчето во кое го пржевме месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува.
  5. Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка која е потребно претходно да биде стоплена во рерна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се става да се пече.
  6. Во текот на печењето се промешува 2-3 пати. Откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од рерна.
  7. По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси со пармезан

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *