Вкусни домашни мини пици

4 септември, 20170
11

За овој рецепт потребни ви се:

  • Половина килограм готови кори
  • 300гр. шунка сецканa на коцки
  • 300гр. кашкавал или сирење
  • Кечап
  • Оригано
  • Павлака
  • 2 јајца

Постапка:

Одвојте ги корите и ставете ги во пластична кеса за да го спречите сушењето. Потоа една по една кора премачкајте ја со кечап со четка, изрендајте кашкавал или сирење, ставете сецкана шунка, оригано и сукајте ја во вид на ролат за да се добие долго стапче.

Потоа замотајте ја во вид на ружичка. Наредете ги во премачкан плех една до друга. На крај премачкајте ја секоја роза со изматените јајца и павлака. (исто така може да им нарисате малку сусам)

Се пече во загреана рерна на 200 °С додека не добијат светло кафена боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi