Вкусни ќофтиња во сос од јогурт

2 март, 2017
16

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • леб (мекиот дел)
  • малку млеко
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • брашно
  • масло
  • сол
  • зачини по желба

Состојки за сос:

  • 200 мл јогурт
  • магдонос
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте јајца, ситно сечкан кромид и лук, половина лажичка прашок за пециво, леб потопен во млеко, па исцеден. Зачинете по вкус и правете топчиња. Секое топче извалкајте го во брашно и пржете ги на масло.
  2. Ситно исечкајте кромид, магдонос и босилек. Во длабок сад добро измешајте маслиново масло и јогурт, па додајте босилек, кромид и магдонос.
  3. Посолете го сосот по вкус и со него прелијте ги готовите ќофтиња.