Вкусни полнети пиперки со компир и кашкавал

19 септември, 20170
4

Потребни состојки:

  • 1 кг. пиперки
  • 1- 2 главици кромид
  • 4-5 големи компири
  • 200 гр. кашкавал

Зачини:  вегета, мелен бибер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 1 час

На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан. На страна се лупат компирите и се рендаат, по што се додаваат на пржениот кромид. Во меѓувреме се мијат пиперките и се отстранува нивната внатрешност. На страна се ренда кашкавалот и се додава на смесата. Пиперките се полнат со подготвената смеса и се ставаат во плех за печење. Се печат на 200 степени, половина час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *