Моден фитнес: ефикасни вежби за брзи резултати

9 мај, 20170
Teen Girl Stretching on Exercise Ball

ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

Земете ги теговите, направете расчекор, наведнете се, а потоа свиткајте ги рацете во лакти, така што дланките да ви бидат во висина на градите. Полека кревајте ги рацете нагоре, додека целосно не ги исправите, а потоа вратете ги во првобитна положба. Вдишувајте додека ги кревате, а издишувајте додека се враќате во првобитна положба. Направете три серии од по 15 повторувања.

ЗАТЕГНЕТЕ ГИ БУТОВИТЕ

Чучнувањата се најефикасна вежба за нозе – ги зајакнуваат сите мускули, од квадрицепсот до задникот. Но ако не ги изведувате правилно, трудот ви е залуден! Исправете ги вратот и грбот, гледајте пред себе (никако во земја!) и лесно клекнете, без да се потпирате на прстите. Ако не успеете да го избегнете кревањето на петиците, тој дел оптоварете го со тегчиња за да го спречите.

НЕ  ЗАБОРАВАЈТЕ ГИ СТОМАЧНИТЕ

Легнете на грб, свиткајте ги нозете во колена и стапалата поставете ги на земја. Стегнете ги стомачните и полека кревајте ги главата и рамењата. Застанете на половина пат и повторно спуштете го горниот дел на телото, така што да биде неколку сантиметри од подот. Направете 30 повторувања.

ОБЛИКУВАЈТЕ ГИ ЛИСТОВИТЕ

Во стоечка положба потпрете се на прстите, внимавајќи да не ги придвижите стапалата. Кога ќе почувствувате затегање во листовите, петиците полека спуштете ги на земја. Вежбата повторете ја триесет пати, а потоа истегнете ги нозете. Седнете на земја, нозете испружете ги пред себе, а потоа наведнете се нанапред и со рацете допрете ги ножните прсти. Истегањето по вежбањето е важно за да избегнете воспалување на мускулите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *