Придобивките од редовното вежбање

26 април, 20170
5

Иако вежбањето првенствено сите го применуваме за витка линија тоа нуди огромен број на други придобивки .

Луѓето кои редовно вежбаат на својот организам му помагаат повеќекратно . Важите коски стенуваат се појаки а некои спортови влијаат и на нивното растење како што се играњето тенис или танцувањето.

Докажано е дека со редовното вежбање се ослободуваме од негативната енерги и се подобрува нашето расположение а воеедно тоа е го намалува ризикот од голем број на нарушувања на нашето здравје. Луѓето што вежбаат превентивно ја спречуваат појавата на дијабетес и срцеви заболувања.

Редовното вежбање го зголемува хипокампусот, делот од вашиот мозок кој е одговорен за меморија и учење. Хипокампусот се намалува во староста и тој е најчесто причината зошто старите луѓе страдаат од лошо памтење.

Спиењето исто така има бенефит од реовната физичка активност, телото го отфрла стресот а Вие сте поуморни и побрзо заспивате навечер.

Независно дали сакате да имате мускули за да изгледате подобро или да го подобрите метаболизмот и да бидете посилни, правилното вежбање со тежина ќе ги зголеми и зацврсти вашите мускули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *