Што е функционален тренинг и како да вежбате функционално?

17 мај, 20170
5

Во последно време, често се сретнуваме со терминот „функционален” тренинг, па така може да најдете разни програми за тренинг, вежби или групни тренинзи кои го врзуваат овој термин. Што значи ова?

Како што кажува самиот збор, функционалниот тренинг би требало да го подготви вежбачот подобро да извршува одредени функции кон кои е насочен тренингот. Тренингот може да биде организиран да не подготви и да ја подобри нашата функционална способност во разни аспекти, како на пример унапредување на системот на спортистите за снабдување на мускулите и останатите органи со енергија за време на спортските активности. Кога станува збор за рекреативци, целта на функционалниот тренинг е да се подготви локомоторниот систем и системот за снабдување со енергија за секојдневните активности на кои тие се изложени. Освен што вежбате за да изгубите килограми, да ги затегнете мускулите и да изгледате добро, тренингот би требало да ве направи и пофункционални. Така, ќе го зголемите квалитетот на вашиот живот, но и ќе го намалите ризикот од многу повреди при движење, седење и стоење.

Сите вежби и тренинзи кои ги правите ќе ги подобрат функционалните способности, но многу рекреативци често ги запоставуваат одредените способности кои би им биле од значителна корист за подобро функционирање во секојдневието.

Пилометрија

Човечкото тело секојдневно се изложува на надворешни сили и удари против кои мускулите се стегаат и истегнуваат, па затоа во спортот развиен е пилометриски тренинг со кој се совладуваат сили при скокови и доскокнувања. Ваквиот тренинг претежно се состои од вежби со скокови. Вметнете во вашиот тренинг вежби со скокови и доскокнувања, на пример со сандаци. Освен што се одличен додаток на тренинзите за метаболичка потрошувачка на калории, со ваквите вежби одлично ќе ја развиете способноста за ефикасна и брза мускулна контракција, со што ќе ја подобрите функционалноста при секојдневните активности.

Агилност

Бидејќи во многу спортови, па и во секојдневниот живот не се движиме само праволиниски, туку менуваме насоки и тоа понекогаш многу ненадејно и брзо, вежбањето на агилноста спаѓа во терминот функционално. Агилноста се дефинира како способност за ефикасна промена на насоката со одржување добра контрола и брзина.

Мускулна издржливост

Иако можеби правите сложени вежби со тегови како чучњеви, кревање на мртво, потисок со шипка и слично, кои ќе ве подготват за работа со тежок товар во секојдневниот живот, потребно е да поработите и на мускулната издржливост под константна контракција. Кога пренесувате некој товар, сигурно тоа не го правите во серии и повторувања, туку го земате оптоварувањето во раце и одите до конечната дестинација. Идеални функционални вежби за ова се вежбите со пренесување на товар – земете го оптоварувањето во секоја рака и одете во интервали од 1-2 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi