Топ 6 вежби со столче за затегнување на целото тело

10 август, 20170
1

Веруваме дека вишокот килограми кои ги добивте во текот на зимата ве загрижуваат. Затоа сега е вистинското време да направите нешто во врска со тоа. 

Покрај здравата исхрана, морате да се свртите кон вежбање без изговори. Можете да вежбате и во удобноста на вашиот дом, без потреба да одите во фитнес центар или теретана.

Мебелот може да ви послужи како фитнес справа, па затоа денес ви откриваме топ 6 вежби со столче за затегнување на целото тело.

Клекнување на една нога – Потпрете се на едната нога, а другата држете ја во благо свиткана положба така што нема да го допира подот. Почнете да правите клекнувања, така што секој пат ќе седнете на столчето. Направете десет повторувања на едната, а потоа десет повторувања на другата нога. Со тек на време зголемете ги повторувањата.

Single-Leg-Squat

Вкрстен исчекор – Застанете покрај столчето подигнете ја едната нога, потпрете ја на столчето и подигнете го целото тело. Потоа симнете се, потпирајќи се на слободната нога и истото направете го со другата нога. Направете вкупно 20 повторувања.

Crossover-Step-Up

Исчекор напред – Застанете во положба на исчекор со разете испружени пред градите. Задната нога треба да биде потпрена со прстите на столчето за поголемиот товар да остане на предната нога. Почнете да се спуштате и подигнувате на предната нога со кратки движења. Истото повторете го и со другата нога.

Split-Squat-

Качување со шут – Застанете пред столчето со тегови во рацете (по желба). Качете се со едната нога на столчето, а другата нога подигнете ја да биде свиткана во коленото и повторно спуштете се на земја. Повторете, потпирајќи се на другата нога.

Step-Up-With-Bicep-Curl

Склекови – Најдобра вежба за затегнување на рацете и грбот и подигнување на градите. Потпрете се со нозете на столчето, рацете на подот и направете десет склекови. Со тек на време зголемете го бројот.

Raised-feet-push-up

Искачување – Потпрете се со лактите на столчето со исправен грб и затегнат задник, па од оваа положба почнете да трчате во место како да се искачувате.

Mountain-Climbers(1)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi