Три вежби за поголем интензитет и топење калории

1 јуни, 20170
4

Ако веќе почнавте да работите на вашето тело и се подготвувате да покажете во колку добра форма сте, внесете малку повеќе интензитет во тренингот.

Преминете на следното ниво со овие три вежби со кои ќе го зајакнете телото и совршено ќе ги обликувате мускулите.

Качување по јаже

За оваа вежба потребно е да имате сила во горниот дел од телото и контрола на стисокот на рацете. Оваа вежба често е занемарена, а е одлична за сите мускули на телото.

Дупло скокање јаже

Обидете се да скокнете доволно високо за да може јажето два пати да го допре дното пред да се спуштите на земја. Оваа вежба ќе ви го забрза чукањето на срцето, што го забрзува топењето на мастите и развивањето на стомачните мускули.

„Чучњеви“ на една нога

Застанете на една нога, а другата испружете ја напред, балансирајте се и спуштете се во позиција за „чучњеви“. Со оваа вежба се зајакнуваат мускулите на нозете, но и целиот горен дел на телото бидејќи потребна е контрола и баланс. За да ја усовршите оваа вежба подобро и да се заштитите од можна повреда, на почеток правете ја вежбата потпрени на ѕид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi