Зошто е подобро да се трча навечер?

17 јули, 20170
2

Со години не советуваат дека е најдобро да се трча во утринските часови или да се вежба дома веднаш по будењето. Сепак, неколку современи фитнес-експерти исткануваат дека е многу корисно трчањето во вечерните часови, бидејќи во доцните часови се согоруваат поголем број калории, а уште еден корисен фактор е што тогаш полесно се ослободуваме од стрес и од напнатост. 

По еден долг и напорен работен ден, ноќта е совршено време за вежбање, а притоа ќе имате многу повеќе поволности. Научниците докажаа дека оние што трчаат во вечерните часови спијат многу подобро, подобро ја трошат својата енергија и поефикасно го подготвуваат своето тело за одмор.

Можеби дополнителен фактор што сигурно ќе ве мотивира да трчате во вечерните часови е тоа што наутро не морате да се форсирате за да стасате да ги завршите сите утрински работи, дури и да вежбате и навреме да стасате на работа. Сепак најголема предност на трчањето во вечерните часови е тоа што се согоруваат многу поголем број калории. По целодневниот внес на храна, трчањето многу добро ќе влијае на вашата линија.

Покрај трчањето, убаво истегнете се и не претерувајте со трчањето доколку сте почетник. Исто така не се форсирајте без потреба да трчате секоја вечер. Трчајте на одредена дестинација, а потоа одете за да ги опуштите мускулите, па потоа продолжете со трчањето. И секако трчајте во светла облека за да бидете видливи во темницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *