8 зачудувачки факти за најдлабокиот дел на океаните

25 јануари, 2017
1

Најдлабокиот дел на нашите океани, зоната под 6.096 метри сé до дното на најдлабокиот морски ров, е позната како хадална зона. Именувана е по Хад, подземниот свет во грчката митологија (и неговиот бог).

Поголемиот дел од хадалната зона се состои од длабоки ровови формирани од поместувањето на тектонските плочи. До денес, 46 хадални хабитати се идентификувани – околу 41 процент од вкупното протегање на длабочината на целиот океан, а сепак помалку од една-четрвртина од еден процент од целиот океан.

  1. Повеќе луѓе биле на Месечината отколку што ја истражиле хадалната длабочина.

За да разберете за колкава длабочина станува збор, Монт Еверест би го собрало во најдлабокиот морски ров на Земјата, Маријанскиот ров, со неколку километри вишок. Ова помага да се објасни зашто бил толку ретко истражуван – само тројца луѓе во историјата стигнале до дното на Маријанскиот ров: двајца научници со подморското возило Trieste во 1960 година и филмскиот режисер Џејмс Камерон во 2012.

Рововите на хадалната длабочина се толку далечни што е екстремно тешко да се однесат опрема и луѓе во такви длабочини. Главна причина за ова е што подводниот притисок на таа длабочина, околу 8 тони на 6 квадратни сантиметри, што би било еднакво на 100 слонови да ви стојат на главата, причинува нормалните инструменти да имплодираат.

На научниците кои патуваат толку далеку долу потребна им е специјална опрема која може да го издржи огромниот притисок, но тешко е да се ослонат и на таквата опрема. Во 2014 година, неповрзаната подморница управувана без човек, Nereus, стана последниот (во низа на многу слични потфати) ваков научен потфат кој пропадна. Nereus била направена од Woods Hole Oceanographic Institution (WHOI) и имала извршено неколку пионерски мисии во хадалната зона, вклучувајќи стигнување до дното на Маријанскиот ров во 2009 година.

Но, во текот на последната мисија до Кермадек ровот близу до Нов Зеланд, подморницата имплодирала и се распаднала, најверојатно поради интензивниот воден притисок.

  1. Невообичаените длабочини се мерат користејќи ТНТ.

За да ги измерат најдлабоките делови на океанот, научниците користат бомбено звучење, техника при која ТНТ се фрла во рововите и ехото се снима од брод, дозволувајќи им на научниците да ја проценат длабочината. Иако научниците се сомневаат во чувствителноста на методот, дури и грубите резултати се импресивни: до сега, освен Маријанскиот ров, четири други ровови – рововите Кермадек, Курил-Камчатка, Филипини и Тонга, сите во Западниот Тихи Океан – се идентификувани како подлабоки од 10.000 метри.

  1. Жак Кусто бил првиот човек кој ја фотографирал хадалната зона.

Првата експедиција која земала примероци од хадалната зона била пионерската експедиција HMS Challenger, која работела од 1872 до 1876 година. Научниците кои биле дел од експедицијата успеале да извадат примероци од 7.390 метри под океанот, но во тоа време не можеле да потврдат дали пронајдените животински остатоци всушност живееле на таа длабочина или едноставно биле остатоци од морски суштества кои живееле погоре во океанот, а кои потонале на дното по нивната смрт. Не било сé до 1948 година кога шведско истражувачко возило, Albatross, успеало да собере примероци на длабочина од 7.620 метри, кои потрврдиле дека постојат суштества на длабочини поголеми од 6.096 метри и така, дека хадалната зона е населена.

Но, дури во 1956 година, Жак Кусто ги направил првите фотографии од хадалната зона. Кусто ја потопил неговата камера до дното на морскиот под во Романш ровот во Атлантскиот Океан, околу 7.468 метри надолу, фрлајќи го првиот поглед на претходно-невидениот дел на океанот.

  1. Штотуку потврдивме забележување на жива риба на најголема длабочина до сега.

Проучувањето на животните кои преживуваат во хадалната зона може да биде голем предизвик. Пред 2008, повеќето видови биле опишувани по само еден примерок, често во лоша состојба. (Еден научник ги опиша повеќето хадални примероци како „збрчкани примероци во музеи“.) Во 2008, во огромен чекор за разбирањето на длабоко-морските суштества, првите слики од живи организми од хадалната зона биле снимени. Јапонското истражувачко возило Hakuho-Maru употребило модул за слетување со слободен пад со мамец во Јапонскиот ров во Тихиот Океан, а со тоа станале првите научници кои направиле слики од живи хадални суштества на самото место. Камерата сликала слики од хадалната риба-полжав (Pseudoliparis amblystomopsis), која се смета дека е најраспространетиот вид во хадалните длабочини. Изненадувачки, сликите покажаа јата на активни риби кои се хранат со многу мали ракчиња, менувајќи ги идеите дека рибите на овие длабочини би биле сами, млитави суштества кои одвај преживуваат. Научен труд од 2016 година идентификуваше жива риба-полжав на длабочина од 8.145 метри – најдлабокото потврдено забележување на жив примерок.

  1. Но не знаеме колку подлабоко би можеле да преживеат рибите.

Неодамнешни експедиции како Проектот HADES во Тихиот Океан укажуваат дека нема риби под 8.400 метри. Но, хадалната зона се протега до 10.973 метри. Морскиот биолог од Колеџот Whitman, Пол Јанси, поставил хипотеза дека рибите ја достигаат границата на околу 8.382 метри затоа што на поголеми длабочини протеините не можат правилно да се формираат. За да го неутрализираат ова, длабоко-морските риби имаат развиено органски молекул познат како триметиламин оксид или ТМАО (овој молекул исто така им го дава на рибите нивниот „рибен“ мирис), кој им помага на протеините да функционираат на висок притисок. Плитко-водните риби имаат релативно ниски нивоа на ТМАО, додека длабоко-морските риби имаат зголемени високи нивоа. Јанси предлага дека нивото на ТМАО потребно да се неутрализира огромниот притисок на длабочина под 8.400 метри би било толку големо што водата би почнала да тече низ нивните тела без контрола, убивајќи ги рибите.

Но, под 8.400 метри, други видови на суштества би можеле да живеат, како хадалните амфиподи кои наликуваат на ракчиња. Овие суштества го мршојадат отпадот и мртвите тела на морските суштества кои допловуваат до дното од горе, па така, зачудувајќи просперираат на огромни длабочини.

  1. Тони на токсичен отпад биле фрлени во хадалната зона.

Во 1970-те, тони на токсичен фармацевтски отпад – еднаков на 880 Boeing 747 авиони – биле фрлени во Порториканскиот ров. Во тоа време, Порторико бил голем фармацевтски производител и фрлањето на отпадот било дозволено како привремена мерка додека се градело ново место за третирање на отпадната вода. Но, доцнењето при изградбата значело дека фрлањето на отпад во океанот траело и во 1980-те. Примероци земени од местото каде се фрлало укажуваат дека екосистемот бил сериозно оштетен од загадувачите, а студија во 1981 година открила „демонстрабилни промени во морската биолошка заедница во регионот користен за фрлање на отпадот“.

  1. Проучувањето на хадалната длабочина ни помага да разбереме како може да се преживее во вселената.

Суштествата кои просперираат во екстремни околини како хадалната зона се наречени екстремофили. Овие суштества можат да издржат многу ниски температури, високи притисоци и можат да преживеат со малку или воопшто кислород. Проучувањето на овие извонредни животни може да им пружи големи увиди на научниците, укажувајќи како животот би можел да опстане во вселената каде нема присутен кислород. Микроорганизми како пирококата ЦХ1 се откриени во длабоко-морски отвори, давајќи им идеа на научниците во врска со видот на живот што би можел да постои на планети како месечината на Јупитер, Еуропа.

  1. Суперџинови постојат во хадалната зона.

Едно од суштествата со највозбудливите имиња откриено во хадалната зона е енигматичниот суперџин, исто така познат како Alicella gigantean. Овој амфипод е најмалку 20 пати поголем од неговите роднини кои живеат во поплитки води. Иако звучат многу големи, тие се всушност минијатурни суштества поврзани со едноставниот песочен скакулец – малечко животно кое често се наоѓа скокајќи надвор од морската трева на плажа со голема брзина. Најголемиот примерок на суперџин некогаш откриен бил женка со големина од 34 сантиметри, најдена во ров во Тихиот Океан.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi