Американец запалил книги на Ким Кардашијан и завршил во затвор

9 март, 20170
2

Нетрпеливоста што еден човек од Конектикат ја чувствува кон американската старлета Ким Кардашијан го доведе зад решетки.

Карл Пула (74) бил уапсен во понеделникот поради уништувањето на неколку книги на Ким Кардашијан во книжарницата Barnes & Noble во градот Гластонбери, Конектикат.

Во пораката што ја оставил на персоналот на книжарницата, разбеснетиот маж го објаснил својот презир кон ријалити ѕвездата и „луѓето како неа“ , пренесува станицата WVIT.

Снимката на сигурносните камери го покажува човекот како истура црвена течност врз книги кои всушност претставуваат колекција омилени селфија на Ким. Шест книги се уништени во „книговен масакр“ и тие не можат да се обноват, весникот New York Post пренесува соопштение на полицијата.

Карл подоцна самиот се предал на полицијата. Против него е покренато кривично обвинение за предизвикување штета и е пуштен со кауција од 2.500 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi