БИЛ МРТОВ ЧАС И ПОЛОВИНА: Сонував дека сакам да одам, но…

16 јуни, 20170
2

Митар Таријев е 55-годишник од Москва кој доживеал срцев удар, по што итно бил пренесен во болница. Додека стигнал до одделението за интензивна нега 55-годишникот паднал во кома.

Лекарите час и половина се обидувале да го реанимираат и успеале во тоа. Според зборовите на лекарите овој пациент поставил рекорд.

Подоцна пациентот опишал низ што поминувал тие час и половина.

– Сонував дека сакам да одам некаде, но некој ме фати за рака и ми кажа дека се уште не е време, раскажал Таријев за руските медиуми.

Митар Таријев сега верува дека му е подарена втора шанса за живот.

– Сега сметам дека лекарите ми се како родители, бидејќи ми подарија втора шанса за живот, додал Таријев.

Пациентот е пуштен од болница и нема никакви компликации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *