17 јануари, 2018

Радио

Борис Кипријанович, 20 годишно момче од рускиот град Волгоград, тврди дека доаѓа од Марс, а во прилог на тоа следуваат и неговите натчовечки способности.

Наводно уште 15 дена по неговото раѓање тој можел сам да ја држи главата, на четири месеци проговорил, а пред втората година ги наполнил насловните страници на весниците, тврди неговата мајка Надежда.

– Својот прв збор го изговори на четири месеци и од тогаш продолжи да зборува.

Штом го одвеле во детската градинка, воспитувачките забележале дека малиот Борис е изразито напреден. Родителите се убедени дека информациите ги добива преку “мистериозни канали”, бидејќи неколку пати го уловиле како комуницира со некој.

– Она што го знае никогаш претходно не го учел. Понекогаш се случува да седне и да зборува за вселената и планетите, особено за Марс и цивилизациите кои некогаш постоеле- тврдат родителите.

https://www.youtube.com/watch?v=y7Xcn436tyI

Остави коментар

Почетна // вести // ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Борис има натчовечки способности ! Вели дека доаѓа од Марс, а потоа го шокираше светот
Горе