Децата му го прекинаа интервјуто со BBC, па цел свет ги запозна – Конечно ОТКРИЕН ВИСТИНСКИОТ ВИНОВНИК

15 март, 20170
9

Цели четири дена откако интернетот „полуде“ поради снимката на Роберт Кели, експертот за политичка ситуација во Северна и Јужна Кореја, чие интервју беше прекинато од родените деца, тој и неговата сопруга конечно проговорија за урнебесниот настан.

Кели и неговата жена Ким Џуг која онака несрептно ги извлече децата од собата, вели дека нејзиниот сопруг е самиот крив за тоа што се случило.

„Воглавно тој ја заклучува вратата од собата, кога има јавување во живо. Ќерката беше онака разиграна, затоа што тој ден беше организирана школска журка“, вели Ким низ смеа.

Инаку, во собата на својот тато прва непоканета влезе четиригодишната ќерка Марион, која тој ден и било роденден, и целосно ја засени секоја дискусија за јужнокорејската политика.

Професорот вели дека се обидел да го продолжи интервјуто но кога во собата влегол и неговиот осумесечен син Џејмс, знаел дека со разговорот е готово.

Цело тоа време неговата сопруга Ким, мирно во другата соба го гледала интервјуто на својот маж на телевизија. Поради доцнењето на сигналот, не сватила на време што се случува.

Втрчала во кадар и ги извлече децата, кои не беа задоволни од развојот на настаните и гласно протестираа пред милионскиот аудиториум, додека нивниот татко искрено се пожали на соговорникот во студиото на BBC: „Ова е мојот живот, човече“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi