Фејсбук воведува опција за спречување самоубиства

2 март, 2017
1

Социјалната мрежа Фејсбук ќе воведе нови опции кои на корисниците ќе им овозможат да пријават лице за кое се сомневаат дека би можело да изврши самоубиство за време на пренос на видео содржина во живо преку оваа социјална мрежа.

Фејсбук соопшти во среда дека како мрежа е во „единствена позиција“ да ги поврзе корисниците кои имаат психички проблеми со луѓето кои можат да им пружат поддршка.

За да може компанијата да ја оствари таа цел, луѓето кои гледаат пренос во живо на некоја содржина ќе можат да го пријават тој видео клип за Фејсбук моментално да ги контактира итните служби ако лицето е во голема опасност. На лицето што емитува таква содржина во тој случај на дисплејот на телефонот ќе му се појават повеќе опции, за да може да повика некој близок или телефонската служба за помош и поддршка.

Компанијата ќе ја подобри и пријавата на постови на Фејсбук во кои корисникот навестува можност за самоубиство или самоповредување, а лицето што се чувствува депресивно ќе може полесно да контактира поддршка преку фејзбук апликацијата за пораки.

Четиринаесетгодишно девојче од Флорида во живо го пренесуваше своето самоубиство на Фејсбук минатиот месец, неколку часа откако на таа мрежа напиша дека повеќе не сака да живее и додаде три тажни смајли икончиња.

Најмалку три лица минатиот месец во живо го емитувале своето самоубиство на Фејсбук.