ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – Најмалку 8 средношколци загинаа во снежна лавина

29 март, 2017
10

Најмалку осум средношколци кои биле на алпинистички излет, ги однела лавина во понеделник наутро и се пронајдени мртви, информираа властите на префектурата Точиги, северно од Токио.

Во несреќата повредени се околу 30 лица, додека не може да се воспостави контакт со тројца наставници кои ги предводеле децата.

Педесетина ученици од седум средни училишта биле на екскурзија, информираат властите на префектурата Точиги.

Лавината се случила во градот НАСУ, околу 120 километри северно од Токио.