Градоначалничка осудена на 14 години затвор: Украла 5 милиони евра, го управувала градот преку WhatsApp

8 декември, 20170
9

Поранешната градоначалничка на бразилскиот град Бом Хардин е осудена на 14 години затвор, бидејќи проневерила милиони од градскиот фонд за образование.

Лидијана Леите (27) која е позната по тоа што со градот управувала преку апликацијата WhatsApp, била во бегство од август 2015 година, но сепак, се предала на полицијата.

Таа сега е осудена на 14 години и еден месец затвор поради проневера на 20 милиони бразилски реали (околу 5,2 милиони евра).

Целата приказна започнала уште во 2012 година кога на поранешното момче на Лидијана, Хамбер то Дантас дос Сантос, познат и како Бето Роча, му било забрането да ја извршува должноста на градоначалник поради обвиненија за корупција.

По ова Лидијана Леите влегла во трката за местото на градоначалник, а откако била именувана на чело на градот, за свој советник го земала токму 44-годишниот Дос Сантос во чии раце била реалната власт.

1343153 lili-4 ff

Целото тоа време, Лидијана водела луксузен животен стил, а со своите предодредени комуницирала главно преку апликацијата.

Дос Сантос во моментот и понатаму е во бегство, а осуден е на 17 години и девет месеци затвор. Политичко-криминалниот пар ја прекинал својата врска во 2015 година кога почнале првите проблеми и обвиненија за корупција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi