Холанѓани прават кожа од овошје: Икона квалитетна кожа од портокали за чанти за дами

24 март, 20170
1

Што се случува кога холандски студенти, кои специјализираат “Дизајн” при академијата “Вилем де Кунинг” си земат при срце еден од најголемите социјални проблеми во Јужна Холандија, а тоа е фрлањето на храна, во огромни количини и при тоа неговото решавање станува нивна кауза и тема на дипломска работа?!

Еден од нив – Хуго де Бун, се сеќава на почетокот. Од прозорците на академијата секој вторник и сабота редовно набљудуваме како завршуваат пазарните денови на плоштадот “Бинероте” во Ротердам.

“Гледаме како на крајот на денот плоштадот се покрива со огромни купови на овошје и зеленчук, кои беа фрлени од трговците. Бевме сведоци на еден сериозен проблем, кој всушност е глобален.

Поради тоа, кај нас природно се јави желба да помогнеме за негово решавање. Се разбира , тоа го забележавме од дизајнерска гледна точка. ”

Почнуваат со студијата, која подоцна им стана дипломски труд. Откриваат статистички колку количини исфрлена храна завршува на депонија или колку жртви има во кожната индустрија, а да не зборуваат за загадувањето што доаѓа од оваа индустрија.

На пример: 45% овошјето не стига до крајниот корисник на овошје и затоа се исфрла.

Дневно само на градскиот пазар во Ротердам продавачите остават околу 3 500 килограми овошје и зеленчук, кој не се вклопува во стандардите за правилна форма.

Трговците треба да плаќаат 12 центи, за да се ослободат од овој отпад, но многу од нив го фрлаат или го оставаат нелегално за да заштедат средства.

“Можевме да им понудиме друга алтернатива, за непотребното овошје и зеленчук.”

Така 20-годишните момчиња одлучуваат дека има смисла да развијат сопствена технологија за изработка на “овошна кожа” изработена фрленото овошје и зеленчук.

Сега Хуго де Бун и Коен Меркерк, на 23 години, веќе се дизајнерски тандем под името “Fruitleather Rotterdam”, оддадени се на страста да му даваат нова форма и вредност на овошјето кое претходно имаше етикета “непотребно”.

За таа цел ја подобруваат технологијата за изработка на “овошна кожа”.

Студиото им е дел од платформата Blue City, заедница на start-up бизниси, во кои отпадот на еден бизнис или ресурс е сам за себе.

Кожниот материјал кој го добиваат, е доволно квалитетен и здрав за изработката на чанти, облека, обувки, ентериер, автомобилски мебел и наскоро предизвик и интересот на значајни брендови во модата и автомобилската индустрија.

Меѓу нив е и германска компанија која изработува седиштата на автомобилски брендови како BMW и Порше.

Овој млад дизајнерски тандем изработил прототипи за рачна торба, изработена од манго, шопинг торба изработена од фрлени праски.

Веќе имаат и дизајнерски стол од кожа, која наликува на крокодилската.

Бизнисот допрва им се развива, но во исто време основна движечка сила им останува да ја спасуваат “храната која не е за ѓубре”, а исто така да понуди алтернатива за “природната кожа”, која практично повторно е природна, но не мора да се убиваат над еден милион животни годишно.

Шест чекори од плодот до кожата

Во случајов Хуго и Коен ги земаат непотребните остатоци од овошје од продавачите на пазарот во Ротердам, но главно користат манго, портокали, праски, банани, јаболка и јагоди – за производство на различни видови на кожен материјал, кој конечно е на природна база.

Производствениот процес се чува во тајност, но ги откриваат шесте основни чекори во технологија: собираат хранлив отпад од штандовите на пазарот во Ротердам, ги вадат семките од плодот и потоа го мелат останатиот плод.

Потоа добиеното овошно пире го готват (вријат) за да се елиминираат сите бактерии од плодот, што гарантира дека материјалот нема да изгние.

Следната фаза оди преку “специјална површина„, на која се истура добиената смеса со цел таа да се шири. „Во процесот на сушење, тоа е од суштинска важност.” Откако ќе биде исушена, суровината служи за производство на овошна кожа.

Добиената кожа, според креаторите, по квалитет не се разликува од животинската кожа, но е различна и е во зависност од видот на производот, од кој таа се прави.

“Секој сантиметар е уникатен. Тоа е материјал со јасна структура и текстура, која се разликува според плодот, кој се користи.”

Дизајнерите во моментов развиваат нови чекори во процесот на производството, за да го подобрат квалитетот на материјалот, кој треба да ги задоволува потребите за специфични производи – мебел, облека, а се во преговари и за бренд чевли.

Екипата ја тестира цврстината на материјалот, нивото на водоотпорност и издржливост.

За сега икона им е производот наречен портокаловата торба.

Хуго држи една за да објасни дека фирмата не е за чанти од овошје. “Користете ја чантата, за да покажеме какви производи може да се добијат од нашиот кожен материјал”, вели ни тој.

Дизајнерскиот кожен стол – моделот Wassily е заедничка работа со дизајнерот Jordi Verbaan. Со него се претстават на холандскиот Design Week. Таму прототипот станува сензација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *