И експлодирале слушалките за време на лет со авион

15 март, 20170
5

Австралиските власти предупредија за опасностите од користењето уреди што работат на батерија за време на летови откако се запалија слушалките на една патничка во авион.

Жената заспала за време на летот од Пекинг кон Мелбурн, но ја разбудил звукот на експлозија.

Таа веднаш ги извадила слушалките, кои почнале да искрат, а потоа се запалиле и се стопиле.

Лицето на патничката поцрнело од експлозијата и огнот, а на рацете добила плускавци.

Патничката, чиј идентитет не е објавен, изјави за австралиското Биро за безбедност при транспорт (ATSB), дека таа слушала музика кога се случила експлозијата, пренесува BBC.

Членови на екипажот веднаш реагирале за да ѝ помогнат и да го изгаснат огнот. Тие истуриле кофа со вода врз слушалките.

Во меѓувреме батеријата и капакот на пластичната обвивка се стопиле и се залепиле на подот.

„До крајот на летот, патниците го чувствуваа мирисот на растопена пластика, изгорена електроника и изгорена коса”, соопшти ATSB во својот извештај.

Во извештајот не се споменува брендот на слушалки, но се наведува дека дефект на литиумските батерии е најверојатно причината што тие се запалиле.

Голем број проблеми со литиумски батерии за време на летови беа пријавени во последниве години, пишува BBC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi