И Роналдо по стапките на Меси: На обвинителска клупа

26 мај, 20170
12

Најдобриот играч на Реал Мадрид Кристијано Роналдо би можел да биде обвинет за затајување на данок, откако шпанскиот јавен обвинител поднел барање за спроведување на истрага до даночните власти во Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Роналдо се сомничи дека во периодот од 2011 до 2014 година затаил околу 15 милиони евра.

Во декември минатата година, во јавноста се појавија документи во кои се тврди дека Португалецот на оф-шор сметки во странство ги сокрил парите кои ги заработил од авторските права.

Роналдо тогаш ги негираше обвинувањата, но дури сега обвинителот го направи првиот чекот во истрагата. Тогаш исто така беше откриено дека данок затајувал и сегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Завчера Врховниот суд на Шпанија му ја потврди затворска казна на Лионел Меси во времетраење од 21 месец исто така поради затајување на данок. Аргентинецот нема да оди во затвор бидејќи според законот во Шпанија, сите казни помали од две години се третираат како условни.

За слични прекршоци во Шпанија се водат и постапки против Фабио Коентрао и Радамел Фалкао.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi