Каде ќе ја подари Трамп претседателската плата?

14 март, 20170
11

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја подари претседателската плата кон крајот на годината и побара од медиумите да му помогнат во одлуката каде да ги донира парите.

Трамп планира да ја донира платата во висина од 400.000 долари и ќе им дозволи на медиумите да одлучат каде ќе завршат тие пари, рече портпаролот на Белата куќа Шон Спејсер.

Иако новинарите се изнасмеаја на ваквата изјава на прес-конференцијата, Спејсер рече дека барањето е сериозно.

„За да избегнеме преиспитување, ќе дозволиме медиумите да одлучат каде ќе одат парите од платата“, рече Спејсер.

Подарувањето на платата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во неговата предизборна кампања, потсети Спејсер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *