Кавга на српска свадба – Младенците урлаа на кумовите, затоа што нарачале четничка песна

10 март, 20170
5

Нарачувањето на песни на свадбата често знае да ги изнервира гостите, а и младенците, па така програмската музика во повеќето случаи е најдобро решение, за да се избегнат кавгите меѓу гостите.

Белграѓанката К.М. се најде на една таква свадба, каде поради нарачаните песни, за малку ќе дошло до тепачка меѓу младенците и кумовите, а потоа и остатокот од гостите се вклучија во оваа расправа која предизвика општ хаос.

„Отидов на свадба кај роднината, се беше во ред до ручекот. Тогаш кумот на младоженецот нарача стара песна „Чича Дражи, каде е моето дете“, што предизвика бурна реакција кај младенците. Некои од гостите се пожалија на изборот на песна, а потоа младенците за да им се извинат на гостите, го нападнаа кумот што ја нарачал таквата песна на свадба, а во целата ситуација кумот се најде навреден.

За да чорбата не би била без зачин, се вмешаа и другите гости и предизвикаа општ хаос, за да на крајот домаќинот морал да ја смирува ситуацијата“, ни раскажа една од гостинките на свадбата.

Имајќи го во предвид тоа што песната „Низ море плови една мала барка“, гостите на свадбата често ја нарачуваат во знак на сеќавањето на жртвите од Втората светска војна, вели соговорничката за српски Телеграф, и дека на нејзе не и е јасно кој е проблемот со таа песна.

„Не ми е јасно дека таа песна може да предизвика општ метеж. Често радо се пее на свадбите, луѓето таа песна им е блиску до срцето, па неретко се во состојба да и последните пари ги дадат на музичарите кои истата ќе им ја запејат на увце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *