Кинески професор вовел систем за препознавање на лица – студентите не можат да ги потпишуваат своите отсутни колеги

30 октомври, 20170
9

Факултетот за комуникација при еден од универзитетите во Кина користи технологија на препознавање на лица со цел да го следи присуството на студентите на предавањата.

Повеќе од 300 студенти на овој кинески универзитет мора да застанат пред таблетот за да се потврди нивната сличност со евиденцијата во базата на податоци, што значи дека студентите повеќе нема да можат да ги потпишуваат своите отсутни колеги.

Инаку системот е дело на Шен Хао, професор на овој универзитет, и се користи за препознавање на лица моментално се користи на шест негови предмети.

– Новиот систем заштедува време. Од стотина студенти, системот не успева да идентификува само еден – вели Шен.

– Но, не се сите воодушевени од оваа идеја. Некои корисници на социјалните мрежи се среќни што ваквата технологија не постоела додека тие биле студенти.

– Погодете кого мразат сите сега? Оној кој се сетил на оваа идеја – е еден од коментарите на социјалните мрежи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi