Кинезот кој се изгубил пред 54 години, конечно се вратил дома

13 февруари, 20170
6

Далечната 1963 година 23-годишен преживеан војник на кинеската Народноослободителна армија, случајно ја преминал границата со Индија. Од тогаш бил принуден да живее во таа земја, но неговата чудесна судбина можела да се промени.

Ванг Ки, како што се вика овој човек, за Би-Би-Си раскажал дека се изгубил за време на една ноќна прошетка во близина на воениот камп и дека по долго лутање пронашол возило на Црвен крст. Кога од луѓето во него побарал помош, тие го предале на индиската војска.

По шест години кои ги поминал во разни затвори, властите го префрлиле Ванг во едно оддалечено село и му наредиле тука да остане.

Животот не му бил лесен. Никогаш не добил индиско државјанство ниту документи, што трајно го спречило да добие работа или да купи земја, а му било забрането да се врати дома во Кина.

„Плачев секој ноќ“, рекол Ванг за своите први години во Индија. „Ми недостигаше мајка ми“.

На крај се оженил и добил деца и внуци, но никогаш не престанал да се надева дека ќе ја посети Кина.

Кинезите ја обвинуваат индиската бирократија за несреќната судбина на овој човек, но откако минатата недела го посетил претставник на кинеската амбасада, обезбедени биле визи за Ванг, неговата жена и еден од нивните синови.

Ванг со семејството вчера допатувал во Кина и во солзи се сретнал со своите роднини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *