Куче спасило напуштено 2-годишно дете од смрзнување
14 февруари, 20170
Мајка го оставила своето двегодишно дете на минус 21 степен Целзиусов во Русија, а од смрзнување го спасило куче кое од детето не се одвојувало два дена.
Детето го пронашле жители од реонот каде што било оставено, по што било префрлено во болница со слаба хипотермија и изгледнето, но лекарите потврдиле дека ќе биде добро. Како што тврдат, не би преживеало да не бил таму на помош грижливиот пес.
Неодговорната мајка дома се вратила четири дена откако е пронајдено детето, пишува „Сибериан тајмс“.