Македонија – 93-та најсиромашна земја на светот

26 јануари, 20170
11

Посиромашни сме дури и од многу јужноамерикански и африкански земји.

Глобалната веб страна за податоци, FindTheData ги одредува најсиромашните земји во светот рангирани според бруто домашниот производ за жител, според извештаите на Светската Банка од 2015 година, а вклучени се само земјите-членки на Обединетите Нации.

На последната листа на најсиромашни земји во светот објавена од FindTheData, од 115 наведени држави, Македонија е 93-та најсиромашна земја.

Во извештајот се наведува дека бруто домашниот производ за жител во Македонија изнесува 4.853 американски долари, а вкупниот бруто домашен производ на земјата изнесува 10.086.021.261 американски долари.

Според листата, побогати од нас меѓу сиромашните се Белизе, Фиџи, Јордан, Јамајка, Србија, Иран, Азербејџан, Јужна Африка, Белорусија, Тајланд, Колумбија, Перу, Еквадор, Боцвана, Доминиканска Република, Црна Гора, Куба, Бугарија, Сент Винсент и Гренадините, Туркменистан, Доминика и Малдивите на последната, 115 позиција.

Посиромашни од нас се Намибија (92 позиција), Либија (91 позиција) и Ирак (90 позиција).

Најсиромашна земја на светот е Бурунди, а ова се десетте најсиромашни земји:

  1. Гвинеја
  2. Мозамбик
  3. Демократската Република Конго
  4. Либерија
  5. Гамбија
  6. Мадагаскар
  7. Малави
  8. Нигер
  9. Централна Африканска Република
  10. Бурунди

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi