Мала промена поради која оваа жена изгуби 35 килограми

17 јануари, 20170
8

Катрина Буенинг од Мисури имала проблеми со вишокот на килограми уште од училишни денови. Нејзината тежина со време достигнала 108 килограми.

Сепак, Буенинг за само 16 месеци изгубила дури 35 килограми и тоа без држење на диета, пишува Independent

Медицинските анализи покажаа дека Буенинг има тежок облик на алергија на поединечни видови храна. Кога тоа го откриле, почнала да внесува храна што и одговара и тоа довело до постепено губење на тежината.

„Имам многу здравствени проблеми врзани за алергија на храна.За време на сите овие години не бев свесна дека внесот на храна на која сум алергична предизвикува непрестано воспаление во мојот организам. Всушност воспалението допринесе за зголемување на килограмите”, рече Буенинг.

„Кога бев помлада, постојано бев на диета. Прв пат почнав да држам диета на 13 години.

Се сомневав на алергија и порано. Кога пред две години открив дека навистина е тоа во прашање и ја корегирав храната, дојде до големи промени”, додаде таа.

Катрина пишува за својата трансформација на својот блог и на Инстаграм профилот со надеж дека ќе им послужи на другите како инспирација.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *