Мистеријата на шумата која танцува: Необјаснива порака на природата во Русија го шокира светот

16 јуни, 20170
4

Во Русија има толку необични и необјасниви природни убавини, што е тешко да се набројат. Едно од таквите места е Курскиот провлак кој се наоѓа во близина на Калињинград, 100 километри долг појас кој го одвојува Курскиот залив од Балтичкото море. Со еден свој дел се наоѓа на територијата на Русија, а со друг на литванска територија. 

Ширината на појасот варира, од 460 метри во Русија во близина на селото Лесноје, до 3.975 метри северно од Нида во Литванија. На Курскиот провлак се наоѓаат најголемите движечки песочни дини во Европа. Просечната висина на дините изнесува 35 метри, а некои достигнуваат висина од 60 метри.

Тоа што е фасцинантно кај овој провлак е фактот што на толку мал простор има многу спротивни облици на природата.
Од посочни дини до зелени шуми, Курскиот провлак како да спојува два света.

Токму во делот кој изобилува со дрвја и бујна вегетација се наоѓа уште една необична глетка.

Станува збор за таканаречената “шума која танцува”, која се наоѓа на 37. километар од Курскиот провлак.

Имено, засадени како и сите други, стеблата на боровите во Курскиот национален парк од непозната причина почнале да се виткаат при растот и да формираат разни облици.

Мислењата на научниците за оваа појава се контрадикторни но најверојатно е тоа дека стеблата почнале да се криват под влијание на боровите гасеници. Без разлика на причината за настанувањето на оваа појава, факт е дека шумата привлекува голем број на посетители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *