МЛАДИТЕ ВО ШОК: Повикале гости на свадба, а тие оставале празни коверти!

9 март, 2017
4

Многу млади луѓе се одлучуваат да организираат големи свадби, надевајќи се дека гостите, со своите подароци, малку ќе им помогнат на почетокот на заедничкиот живот.

Обичајот налага да секој гостин на свадбата ги „дарува“ младите. Во последно време обично за подарок се даваат пари кои „пристојно“ се ставаат во коверт.

Но не оди се по плановите.

Една невеста од Србија за Курир.рс раксажала како еден по еден отварала празни коверти.

„На нив немаше потписи, беа празни. Тоа навистина не е во ред. Јас разбирам дека некој нема пари, но ова е безобразлук. Слушнавме дека и некои други лошо поминале. Не е можно да откриете кој од гостите тоа го направил. Обично е голема гужва, ковертите се ставаат во кутија за дарување на младите така што, навистина, тешко е да се утврди. Никој никого не тера да ги дарува младите, но овие празни коверти се навистина понижување“, раскажала невестата.