Момче преживеа 47 дена на Хималаите само со вода и сол

28 април, 20170
12

Едно момче имало среќа да преживее откако се изгубил на Хималаите каде поминал 47 дена.

Лианг Шенг (21) и неговата девојка Лиу Лиу исчезнале во планината. Младичот бил пронајден во кањон на висина од околу 2,600 метри, во близина на местото Типлинг во непалската покраина Дадинг.

Неговата девојка не преживеала. Нејзиното мртво тело било пронајдено близу до него, пренесува BBC.

Лијанг моментално се наоѓа на лекување во Катмандан и успешно заздравува.

„Изгубил дури 30 килограми во тие седум недели. Телото му било искасано од црви и инсекти, но тој заздравува. Постепено почна да зборува. Рече дека неговата девојка починала три дена пред да бидат пронајдени“, изјави докторката Санџаја Карки за BBC.

Во текот на 47 дена тој успеал да преживее само со вода и сол.

Лианг и Лиу Лиу биле студенти на Тајванскиот национален универзитет Донг Хва. Во Непал пристигнале од Идија во февруари, а последен пат биле видени во март во северен Дадинг, каде што решиле да пешачат.

Тие наводно ги загубиле своите куфери. Потоа се појавила тривијална објава на Фејсбук профилот на Лиу Лиу каде таа напишала „Би сакала никогаш да не завршев овде“.

Семејствата на младата двојка се загрижиле откако Лиан и Лиу Лиу не заѕвониле дома на договорениот датум, 10 март, и пет дена подоцна нивните родители побарале потрага.
Непалската полиција веднаш ангажирала три водичи и хеликоптер за да ги пронајдат студентите за кои се верувало дека патуваат во селото Лангтанг на претходно договорена средба со тајвански пријатели.

Еден од спасувачите изјави дека тие, најверојатн,о се лизнале на една патека и останале заробени во кањонот. Пред неколку дена Лианг, по дојава од локалните жители, конечно го забележал спасувачкиот хеликоптер. Тој бил спасен, но за Лиу Лиу било предоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi