На 16 години завршила во руски затвор а денеска е милијардерка

25 април, 20170
1

Руската манекенка Елена Перминова  го освојува вниманието каде и да се појави. Сепак на многу поинтересен и е нејзиниот приватен живот, врската со 27 години постариот милијардер Александер Лебедев, со кого има три деца.

Додека денес за неа се чуваат места во првите редови на најпознатите светски модни ревии, како тинејџерка Eлена влегла во лошо друштво и речиси завршила во затвор поради продажба на дрога.

Имено, Елена пораснала во сиромашно семејство во Новосибирск каде што нејзе и на сестритe, на пример, слатките им биле ретка појава. Затоа, на 16 година одлучила да го напушти домот, но упаднала во лошо окружување и во врска со дилер.

Набрзо во еден клуб била уапсена поради шверц на дрога и којзнае како таа приказна би завршила доколку не бил бившиот агент на КГБ, Лебедев. Иако соработувала со полицијата и им ги дала сите информациите што ги барале, Елена не била заштитена.

– Соработувала со нив, но за малку ќе била убиена – рекол Лебедев за магазинот „Times“ во 2009. година.

Имено, дилерот што го оддала, и се заканувал со смрт, а полицијата не можела да и пружи заштита па во случајот се појавил Лебедев, кој добил писмо од нејзиниот татко и одлучил да им помогне.

– Во рускиот правен систем не постои спогодба со шпионите ниту заштита на сведоците па Елена беше осудена на шест години затвор. Јас во тогаш работев на кампањата за донесување закон за заштита на сведоците и нејзиниот татко ми прати писмо. Ги запознав него и Елена, но врската ја почнавме дури неколку години подоцна – рекол Лебедев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi