На истокот на Крим археолозите пронајдоа гроб на дете „вонземјанин“

11 август, 20170
11

Во гробот се пронајдени и глинени садови покрај главата на момчето и бронзена ракавица на неговата десна рака.

 

На истокот на Крим археолозите пронајдоа гроб од двегодишно дете од вториот век на новата ера, кој некои истражувачи го нарекле жител „вонземјанин“.

Гробот е пронајден на античкиот гроб „Киз-Аул“. Како што истакнуваат археолозите, необичноста е во тоа што „кај закопаното дете, обликот на черепот му е значително деформиран“. Според мислењата на антропологот, тоа било момче кое во моментот на смртта имал најмногу година дена.

Експертите тврдат дека неговата глава била подложна на деформација, и практично истата се случило по раѓањето. Станува збор за процес на издолжување на черепот со посебно врзување, во склоп со варварската традиција.

Археолозите додаваат дека деформитетот на черепот најчесто се сретнува кај Сармат, и претставува еден од знаците на нивната иеднтификација. Во гробот се пронајдени и глинени садови покрај главата на момчето и бронзена ракавица на неговата десна рака. Детето лежело со главата кон истокот.

Вештачки деформирани черепи за прв пат се пронајдени во 1826 година, во некрополите на Боспор Кимеријски, во регионот на градот Керч.

Се претпоставува дека деформацијата има врска со означување на припадноста на групата или со социјалниот статус.

„Се разбира, за оние кои веруваат во древните контакти со вонзмејанската цивилизација, ваквите работи се доказ за „посета од вселената“, наведуваат научниците, а пренесува „Руски весник“:

Истражувачите сметаат дека деформацијата на черепот често може да доведе до промени на карактерот на човекот, вклучувајќи и зголемена агресивност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi