Напаѓачот од Манчестер пред нападот ја барал мајка си. Преку телефон и рекол “Прости ми”

26 мај, 20170
11

Salman Abedi, осомничениот за бомбашкиот напад во Манчестер и телефонирал на мајка си неколку часа пред нападот и и рекол “Прости ми”, соопшти денес портпаролот на либијските антитерористички сили.

Портпаролот  Ahmed bin Salem додал дека мајка му и тројца браќа во Либија се повикани поради испитувања. јави АП, а пренесува Танјуг.

Bin Salem кажа дека неговата мајка на истражителите им рекала дека нејзиниот син отпатувал од Либија за Англија само четири дена пред бомбашкиот напад и дека и телефинирал на денот на нападот.

Уште еден брат на Абедин, Хашим, како и неговиот татко се уапсени во Триполи во средата.

Bin Salem рече дека либијските истражители сметаат дека врз основа на она што им го рекол Хашим Салман Абедин “дејствувал сам”.

Bin Salem исто така рекол дека Хашим Абеди раскажал дека Салман научил преку интернет да прави експлозив и дека посакувал победа на Исламската држава, јавува АП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi