Нашол кокаин во Nesquik кутија

15 февруари, 20170
7

Еден човек добил повеќе од што очекувал од кутија Nesquik.

Помеѓу смесата од чоколадо и шеќер, тој нашол многу поразличен вд на прашок: кокаин.

Анонимниот потрошувач нашол пакување од 205 грама од дрогата во кутијата, според I paper.

Кога се вратил дома од супермаркетот, приметил дека кутијата веќе била отворена, затоа што капакот бил делумно отворен.

Човекот пријавил во полиција, кои подоцна потврдиле дека кокаинот бил со вкупна проценета вредност од 11.000 британски фунти.

Оваа вредност не го вклучува Nesquik-от, секако.

Се верува дека производот бил отворен и изменет во супермаркетот.

Човекот, од североисточна Шпанија, го тужел супермаркетот од каде ја земал дрогата без да знае.

Приказната стана многу популарна на интернетот, а адвокатот на човекот вели дека тој претрпел „морална штета“, дека шпанските медиуми не сочувствувале со него и исто така, бил загрижен дека ќе стане мета на тие што го заборавиле кокаинот во кутијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *