Наставничка силувала малолетник и тоа ќе ја чини милион долари

18 август, 20170
8

Наставничката која силувала 15-годишен средношколец, ќе мора на тинејџерот да му плати отштета од милион долари. Во пресудата која ја донел судот во Оклахома Сити се наведува дека со тој чин на малолетникот му предизвикала „душевна болка“.

Момчето заедно со таткото поднело тужба против Џенифер Казвел и локалниот школски округ Холис 2015, откако таа го силувала во училница, пренесе „Оклахоман“.

– Средношколецот изјавил дека е во депресија, осамен и дека се обвинува себе си поради она што се случило, рекла судијата Робин Котрон образложувајќи ја пресудата и додала дека доживеал понижување кога луѓето од градот го омаловажувале, а непознати го препознавале на улица и го испитувале за скандалот.

Ученикот, кој некогаш бил омилен спортист во школо, станал предмет на потсмев откако е објавена врската со наставничката.

Тинејџерот во меѓувреме го променил училиштето, каде е без семејството и пријателите, рекла судивката.

31-годишната наставничка е осудена на 15 години затвор 2015 година, но казната и е скратена на 10 години откако ја признала вината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi