Научниците открија реката Амазон е стара повеќе од 9 милиони години

24 март, 20170
2

Холандски и бразилски научници открија дека реката Амазон е стара меѓу 9 и 9,4 милиони години, објави во средата УПИ.

Досега експертите мислеа дека Амазон е на 1 до 1,5 милиони години. Научниците од Универзитетот во Амстердам и на Универзитетот на Бразил ги анализира седиментите, извадени при дупчењaта за нафта и гас.

Резултатите укажуваат на промена во составот на седиментите и на растителните остатоци од времето на доцниот миоцен, кој бил пред 9 до 9,4 милиони години.

Во примероците има нагло зголемување на тревест материјал, што покажува дека во последните 2,5 милиони години имало големи регионалните климатски промени, кои значително се одразиле врз растителниот состав.

“Регистрираните промени во седиментите го покренуваат прашањето дали регионот на Амазон не се променил драматично во текот плиоценот, кога имало глобално заладување”, рече Карина Хорн од Универзитетот на Амстердам.

“Новите податоци ја потврдуваат возраста на реката Амазон и не насочуваат кон некоја досега за нас непозната област и за проширувањето на затревените површини од периодот на плиоценот”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *