Научниците сакаат да прават пиво на Месечината

26 јануари, 20170
1

Луѓето ја имаат натрупувано површината на Месечината со многу чудни предмети во минатото, но ниту еден не бил толку освежителен како овој. Според извештаите на The Telegraph, тим на научници од Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего се натпреварува да прати летало кое ќе ферментира пиво до едниот и единствен природен сателит на Земјата.

Но, експериментот се однесува помалку на правењето вкусен пијалок отколку што е за проучување на ефектите на микрогравитацијата на квасецот. Вака ќе се одигра ако се се одвива според планот: Вселенско летало ќе го достави лунарниот ровер во кој ќе се прави пивото до неговата дестинација подоцна  во текот на оваа година. Опремата која ќе биде во леталото ќе се активира. Вентилот што ќе го одделува неферментираното пиво од квасецот во еден оддел, а во друг двете состојки ќе може да се спојат. Ферментацијата и карбонација треба да се случат истовремено, што значи дека нема да има остаток јаглерод диоксид за фрлање. Откако пивото ќе има време да ферментира, остатокот од квасецот ќе потоне во друг дел од леталото.

Во зависност од успехот на конечниот производ, научниците ќе бидат подобро припремени да развиваат храна и лекови што содржат квасец на површината на Месечината во иднина.

Тимот ќе треба да победи други за да се реализира нивниот план. Индискиот тим TeamIndus, кои се натпреваруваат за Google Lunar XPRIZE, ја одбраа групата од Универзитетот на Калифорнија како еден од 25-те тимови кои ќе се натпреваруваат за главно место на нивното патување до Месечината, планирано за 28 декември 2017 година.

Кога TeamIndus ќе стигне на Месечината (со или без алкохолното карго), нивниот ровер ќе има задача да слета успешно и да праќа слики и видеа во висока дефиниција назад до Земјата. Првиот тим што ќе ја заврши оваа мисија до крајот на 2017 ќе добие награда од 20 милиони долари од Google. До сега, пет тимови добиле одобрување да го лансираат нивното вселенско летало, а TeamIndus се првите кои ќе ја одредат датата на лансирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *