Не е ни дрога, ни оружје ни пак проституција: Ова е новиот мафијашки бизнис, даваат нешто на кое сите имаме право

27 април, 20170
3

“Песок мафијата” во Индија се користи за заплашување, со цел да можат во мир да извлекуваат и да шверцуваат песок. Во Мароко и на Карибите, крадците на песок буквално уништуваат цели плажи. Модерните градови се изградени од песок и честопати на песок.

Најмногу песок се побарува во Азија, па така Кина е одговорна за 50% од светската побарувачка. Песокот се употребува за производство на стакло, електроника и при вадење нафта. Огромни количини на песок се фрлаат во морето за да се прошири територијата.

Сингапур, на пример, на овој начин ја прошири копнената површина за 20% од шеесеттите години на минатиот век. На Малдивите и Кирибати, песокот се користи со цел да се спасат островите од зголемувањето на нивото на морето.

Нивото на морето ќе продолжи да расте, а ќе расте и побарувачката за песок. Иако се чини дека има песок во изобилство, на светот сериозно му се заканува недостаток од него. Пустинскиот песок е премногу мек и не може да се користи за комерцијални цели. Близината на песокот до местото каде нешто се гради исто така има релативно важна улога.

Со оглед на тоа дека песокот е прилично евтин, тој често е неисплатлива роба за превозниците. Сингапур и Катар се најголеми увозници по глава на жител, а од Австралија на пример, се извезуваше во Дубаи за изградбата на Бурџ Калифа.

Повеќето земји регулираат колку и од каде може да се извади песок, но високата побарувачка создаде нелегално шверцување во многу земји кои брзо се развиваат.

Резултатот е тоа што на местата кадешто се вади песок, тоа се прави побрзо отколку што тој природно се регенерира, што може да има сериозни последици за животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *