Не крадете песок или школки од плажа, казаната е огромна!

12 октомври, 20170
1

Доколку туристите земат песок или школка од некоја од италијанските плажи, ќе треба да платат високи казни. Целта на законот кој го донесоа италијанските власти е со цел да се заштити природата и специфичноста на песокот.

Висината на казните од регион во регион се разликува. Во Сардинија, властите неодамна го заострија законот и забранија земање песок дури и во мали количества, како и каменчиња, кварц и школки.

Според законот секој што „ќе земе, задржи или продаде мали количества без дозвола“ ќе се соочи со казна меѓу 500 и 3.000 евра. Мерката е резултат на фактот што песокот во големи количества се носел од плажите, наведува туристичката асоцијација.

Наведувајќи ги локалните извештаи, британски BBC пренесува дека само во трите летни месеци од 2015 година речиси пет тони песок се задржани на аеродромот Елмас. Песок е откриван и на други два аеродрома, Алгеро и Олбиа.

Плажите на Сардинија со создавале во текот на милиони години. „Земањето мало шишенце песок не изгледа многу, но ако тоа го прават милиони туристи, тони и тони секоја година ќе исчезнуваат“, велат италијанските власти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi