Неколку работи кои не сте ги знаеле за најтајната држава на светот

3 март, 20170
11

Официјално таа е најизолираната и најтаинствената држава на светот, предовдена од членовите на култната династија Јонг. Дали сте сигурни дека ја имате вистинската слика за оваа држава?

За Северна Кореја се знае многу, но уште повеќе не се знае! Таа официјално е најизолираната и најтаинствената држава на светот, предовдена од членовите на култната династија Јонг. Но дали таму е се онака како што знаеме, односно како што ни пренесуваат медиумите.

Следните факти во голема мера ги побиваат предрасудите кои ги имаме стекнато.

Северна Кореја се протега на 120.540 километри квадратни и има околу 25 милиони жители.

1. Основачот на Северна Кореја, првиот лидер Ким Ил Сунг, создал “самоодржлива” држава, односно државна политика која ја отцепува Северна Кореја и економски и дипломатски од остатокот од светот, па дури и во најлошите времиња, како што е гладта.

2. Само војската и владините претставници можат да поседуваат и да управуваат со моторни возила и автомобили.

3. На жителите на Северна Кореја им е дозволено да имаат една од 28-те одобрени фризури кои се назначени од страна на властите на земјата.

4. Интернет во Северна Кореја не постои. Освен затворените државни-интернет мрежи, така што многу малку луѓе од земјата знаат што се случува во остатокот од светот. Владата строго ги контролира ТВ и радио програмите, а ограничениот пристап до “вистинскиот” интернет имаат ограничен број на луѓе од владата.

5. Ким Јонг Ил, син на оснивачот на земјата има импресивна и “неверојатна” биографија. Па така тој проодел кога имал само три недели и почнал да зборува во осмата недела. Напишал повеќе од 1.500 книги, а првиот пат кога се обидел да кугла веднаш ги освоил 300-те поени, што е и максимум. Тој исто така може да ги контролира временските услови преку своето расположение, напишал 6 опери (кој влегуваат во севернокорејската музичка историја), а е експерт и за кинематографија.

6. Војската на Северна Кореја е една од најголемите на светот. Таа бри околу 1,2 милиони активни војници (+ 6 милиони резерва), односно 1 од секои 5 мажи на возраст од 17 до 54 години е војник со полно работно време (додека на пример, Јужна Кореја има се на се 680.000 војници).

7. Колку и да ви звучи неверојатно следниот податок, тој е чиста вистина, постојат луѓе кои побегнале во Северна Кореја! Еден од најпознатите е Џејмс Џозеф Дреснок, американски војник кој избегал во Северна Кореја преку минско поле во 1962-ра година. Тој сега е редовен актер во нивните пропагандни филмови (секогаш глуми лош и злобен Американец).

8. Просечниот работник во Северна Кореја заработува околу 1,5 до 3 евра месечно (во просек околу 700 евра годишно). Приватните сопственици можат да заработат и до 100 евра, додека богатите и ретки бизнисмени заработуваат и до 500 евра месечно. Просечниот работник за 1,5 или 3 евра може секој месец да купи два килограми ориз, но не го заборавајте и фактот дека секој ден добиваат храна на работа.

9. Помеѓу 150.000 и 200.000 Севернокорејци живеат во логори опкружени со електрична ограда (според податоците на Human Rights најужасни логори се оние за луѓето кои направиле политички злосторства – во ваквите случаи во логор оди целото семејство на сторителот. Дури 40 проценти од затворениците умираат од недостаток на храна или пренапорна работа).

10. Во 1978-та година севернокорејски агенти го киднапирале јужнокорејскиот директор и режисер Шин Санг Ока заедно со неговата сопруга, Чое Еун Хуи, за да создадат филмска индустрија во Северна Кореја. Овој јужнокорејски пар сепак некако успеал да побегне од државата откако направиле околу 10-тина филмови за севернокорејската влада.

11. Според извештаите од јужнокорејската влада, Северна Кореја троши една третина од националниот приход на војска.

12. Електричната струја се гаси во текот на ноќта, а куќите кои имаат електрична енергија, ја добиваат само по неколку часа дневно.

13. Државните приходи на Северна Кореја во голема мера се потпираат на извозот во Јапонија и другите околни држави, а верувале или не, извезуваат фалсификувани лекови како што е виаграта, дроги како метамфетамин, фалсификувани цигари и лажни банкноти од 50 до 100 долари (кои ги викаат и “супердолари” бидејќи е многу тешко да се распознаат). Вршат трговија и со оружје и разни неформални воени дружини.

14. Северна Кореја, како што напоменавме е најизолираната држава во светот, а со тоа и најтаинствената. Но од 2013-та сепак веќе не е најкорумпирана – оваа “титула” и ја одзема Сомалија.

15. Северна Кореја се наоѓа на третото место по број на извршени смртни казни, веднаш по Кина и Иран (според податоци од AI).

16. Марихуаната во Северна Кореја е легална и воопшто не се класификува како дрога.

17. Северна Кореја официјално престанала да биде комунистичка држава од 2009-та година. Новата официјална државна идеологија е наречена “Јухе” (самоодржување, војската на прво место…)

18. Севернокорејските археолози во 2012-та година официјално објавиле дека го “откриле” еднорогот кој го јавал легендарниот крал Тонгмиунг пред 2000 години?!

19. Иако живеат во тешки услови, кадешто владее глад и строг политички режим, во Северна Кореја 99 проценти од населението знае да чита и да пишува.

20. Технички, војната помеѓу Северна и Јужна Кореја се уште трае. Но во 1991-та година двете Кореи потпишаа договор за меѓусебна неупотреба на сила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *