Њујорк – град со најскапи цигари

31 август, 20170
4

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио потпиша закон со којшто минималната цена за кутија цигари во градот се покачува од сегашните 10,5 на 13 долари, јави USA Today.

Се намалува и бројот на местата каде што ќе може да се купат цигари. Во новата цена е вклучен и данокот. Така, Њујорк станува градот каде што може да се купат најскапите цигари во САД.

Целта, како што соопштуваат локалните власти, е да се намали бројот на пушачи, кои моментно бројат околу 900.000. Во Њујорк живеат околу 8,5 милиони луѓе.

Противниците на новите мерки сметаат дека покачувањето на цените ќе натера многу пушачи да купуваат цигари на црно – без бандероли и неоданочени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *