Ова е човекот кој јадел само компири една година

3 октомври, 20170
10

Ендру Флиндерс Тејлор од Мелбурн, Австралија, учител и татко на две деца пред една година одлучил да се ослободи од неговата зависност од храна. Во текот на една година тој јадел само компири и тврди дека содржат сѐ што му е потребно на човечкиот организам.

Во овој период тој успеал да ослаби 54 килограми и вели дека успеал во намерата да ја победи зависноста од храна.

– Храната нека ви биде досадна, а животот интересен – вели Тејлор во неговото прво видео кога решил да премине на овој екстремен режим на исхрана.

Откако успешно го совлада предизвикот, тој ја споделува неговата приказна со светот, со надеж дека ќе инспирира и други луѓе да го следат неговиот пример. Пред да почне со овој начин на исхрана, многу читал и проучувал и истакнува дека секој кој сака да проба нешто вакво прво треба да се консултира со лекар и да направи анализи и тестирања, бидејќи ваквите рестриктивни диети може да доведат до недостаток на клучни хранливи материи во организмот.

– Добивам над 600% од дневната потребна количина железо и над 400% од препорачаната доза витамин Ц, како и растителни влакна. Така што, внесувам во организмот сѐ она што ми рекоа дека ќе ми недостига – објаснува тој.

Додава дека единствено бил загрижен за калциумот бидејќи не се содржи многу во компирите. Затоа правел пире со соино млеко дополнително збогатено со овој минерал.

Тејлор нагласува дека освен што ослабел и ја победил зависноста од храна, исто така се чувствува многу посреќен, попозитивен и покреативен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi