Ова мистериозно езеро крие потопен град

9 октомври, 20170
11

Во Националниот парк Банф во Канада се наоѓа глечерското езеро Миневанка во кое се крие потопен град од крајот на 19. век.

Езерото во Алберта доколку го гледате од површината изгледа како и секое друго езеро. Опкружено е со шума, длабоко е 142 метри и се протега на површина од околу 20 километри квадратни.

Местото е популарна атракција за одмор и релаксација, но малкумина знаат за мистеријата што ја крие езерото – туристичката населба Миневанка Лендинг основана кон крајот на 19. век со четири авении, три улици, неколку куќи, хотели и ресторани.

За да ја снабдат околината со електрична енергија, локалните жители во 1912 и во 1941 година кренале брани за електраната, со што нивото на водата во езерото се зголемила за 30 метри и така било потопено туристичкото одморалиште.

Ладната вода во глечерското езеро ги зачувала потопените градби во одлична состојба и околу 8.000 нуркачи го „посетуваат“ потопениот град секоја година.

Погледнете една видео снимка од нив…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi