Ова видео 20 години е најдобро чувана тајна: Ужасни детали за смртта на Аркан

10 март, 2017
6
Поминаа 20 години, а убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан и понатаму ја интригира јавноста. Кој е главниот нарачател за ликвидацијата, се уште не е познат.
Тој 15. јануари 2000 година пред „Интерконтинентал“, денес „Crown Plaze“, околу 17:00 часот застанале два автомобили. Од „опел калибра“ излегле Драган Николиќ Гаги и Милан Џуричиќ Мики кои од порано и биле познати на полицијата.
 
Од другото возило „голф“, излегол Зоран Николиќ Пегла, како и припадник на Втората чета од Првиот батаљон на полициската бригада од Белград, Доброслав Гавриќ.
Пегла останал на паркингот, додека останатите тројца влегле во салата со намера да извршат убиство. Во хотелот имало голема гужва. Аркан седел во сепаре недалеку од рецепцијата. Во хотелот дошол со сопругата Светлана Цеца, нејзината сестра Лидија и телохранителот Ѕвонко Матеовиќ.
Додека сестрите придружени од Матеовиќ биле во обиколка на бутиците, Аркан со друштво седел во салата. Неколку минути по 17:00 часот му пришле Гаги и Мики.
Се поздравиле со Аркан и продолжиле кон скалите кои воделе до салата за банкет. Гавриќ седнал да друго сепаре, неколку метри позади Аркан.
Минута подоцна, Гавриќ станал од капутот извадил пиштол„CZ 99“. Испукал три куршуми во вратот на Аркан. на подот паѓале чаури, чаши и шишиња, а гостите легнале на подот. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот, но не и Брзата помош.
Цеца и Лидија плачејќи и молејќи за помош го влечеле телото на Аркан кон излезот. Цеца се обидела еден полицаец да го убеди со приватно возило да го пренесат во болница. Ја одбил затоа што немал дозвола од претпоставениот. Конечно, Аркан бил пренесен со БМВ во Ургентен центар. Таму и официјално бил прогласен за мртов.
 
 
 
Најнова снимка од убиството на Аркан беше објавена минатата година, 16 години од убиството на Ражњатовиќ.
 
Иако една година ова видео е достапно за јавноста, неверојатно е што никогаш не крена голема прашина, а со самото тоа, иако откриено, видеото доживеа уште една година тајност.
 
Погледнете ја најновата верзија од убиството на Аркан…